Повредите и короната удрија по МЗТ – без тројца играчи и двајца тренери на Златибор!

2021 22 Мар

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе биде драстично ослабена на претстојниот „балон“ од АБА2-лигата на Златибор, со оглед што во последен момент од тимот отпаднаа дури тројца кошаркари и двајца од стручниот штаб, што дефинитивно ќе биде голема отежителна околност пред последните три средби од регуларниот дел од сезоната.

Екипата во соседна Србија отпатува без Американците Феми Олуџоби и Хасани Гравет, кои се посериозно повредени и без кои може да бидеме (по)долго време. Првиот потешко го повреди коленото, за кое лекарите се сомневаат дека има скинати предни лигаменти, дијагноза која допрва треба да се потврди. Ако се остварат црните најави, тогаш високиот центар дефинитивно нема да може да ѝ помогне на екипата до крајот на сезоната. Вториот, пак, има повреда на задната ложа, која воопшто не е наивна и поради која ќе мора да мирува најмалку две недели, а потоа ќе треба да мине и низ период на рехабилитација.

Во Скопје остана и Андреј Магдевски, кому денеска му завршува периодот на изолација по прележаниот коронавирус, поради кој ги пропушти последните средби како и голем број тренинзи. Репрезентативниот бек во договор со тренерот Дарко Радуловиќ договори дека е подобро да не се ризикува, односно дека е покорисно да го искористи следниот период за опоравување со цел кобниот вирус да не остави белег по неговото здравје. На пат кон Златибор не тргнаат ниту новите членови на стручниот штаб, Васко Атанасов и Михајло Шејкеровски, кој ќе ја има улогата на кондициски тренер, кои исто така беа позитивни на последната проверка за Ковид-19 пред тргнувањето кон Србија.

Поради сето ова, МЗТ Скопје Аеродром на средбите против Спарс (вечерва од 21 часот), Горица (четврток) и Златибор (недела) ќе настапи со девет кошаркари во ростерот, кои се решени да дадат сѐ од себе за да ги пополнат празнините во тимот и да го надополнат отсуството на повредените и болни соиграчи. Нашиот тим во моментов е на четвртата позиција на табелата со скор 6-4.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page