Испечатете ја страната

МЗТ Скопје Аеродром го раскина договорот со Доминез Барнет

2021 06 Фев

Американецот Доминез Барнет повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако вчера беше официјализиран раскинот на договорот со овој кошаркар.

Играчот беше ангажиран со цел да донесе екстра-квалитет на тимот предводен од тренерот Ѓорѓи Кочов, со оглед на неговата биографија и одлични игри во силната ВТБ-лига, но тоа не се случи. Барнет во Скопје допатува максимално неподготвен, поради што не даде придонес каков што се очекуваше, ниту на тренинзите, а уште помалку на средбите на кои настапи.

Поради сето ова, МЗТ Скопје Аеродром ја искористи можноста од договорот за предвремен раскин на соработката и му се заблагодари на Барнет за досегашните услуги. Стручниот штаб на тимот веќе бара замена на неговата позиција, а кога ќе биде најдена јавноста навремено ќе биде информирана.