Американецот Барнет е новото засилување за МЗТ Скопје Аеродром!

2021 04 Јан

Американскиот интернационалец Доминез Барнет (28 год, 196 см) од денеска е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, откако потпиша договор со нашиот клуб со важност до крајот на сезоната.

Станува збор за искусен бек-шутер, кој од 2016 година настапува како професионалец во Европа, а претходно бил дел од Девенпорт Универзитетот во НЦАА-лигата. Прв европски клуб му е Пардубице, каде што одигра една ипол сезона во која беше најдобар стрелец во првенството во Чешка. Поради тоа, во јануари 2018 година неговиот договор беше откупен од летонски Вентспилс, со кого ја освои шампионската круна. Потоа го носеше дресот на италијанскиот тим Универсо Тревисо со кој беше првак во Серија А2, по што се пресели во силната ВТБ-лига и белорускиот тим Цмоки од каде што доаѓа во нашиот табор.

Барнет ќе ја пополни празнината по заминувањето на Тодрик Гочер во Грција, од каде што тимот на Месолонги ја плати откупната клаузула во износ од 15.000 евра. Неговото доаѓање во Македонија се очекува во текот на неделата, со цел навремено да биде регистриран за настап на вториот турнир од АБА2-лигата во Бања Лука, кој почнува на 18 јануари.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page