МЗТ Скопје Аеродром в понеделник стартува со подготовките!

2020 15 Авг

По точно пет месеци пауза поради пандемијата со коронавирусот, кошаркарите на МЗТ Скопје задутре, конечно, ќе влезат во сала, со што ќе биде означен официјалниот старт на подготовките за новата сезона, во која нашиот тим ќе настапува во АБА2-лигата, како и во двете домашни натпреварувања.

Тренерот Ѓорѓи Кочов в понеделник ќе ги построи кошаркарите кои во моментов се под договор со клубот од Аеродром, а кои во моментов се десет на број и тоа седум македонски репрезентативци и тројца интернационалци. На првиот собир се очекува присуството на капитенот Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Кристијан Николов, Адем Мекиќ и Филип Бакоч, како и на Американците Феми Олуџоби, Хасани Гравет и на српскиот интернационалец Андрија Бојиќ. За време на подготовките, со првиот тим ќе работат и поголем број таленти од нашата младинска школа, за кои тоа ќе биде голема можност за собирање драгоцено искуство, кои потоа ќе може да им го пренесат на своите соиграчи во соодветните возрасни категории.

Воведниот тренинг е закажан за утринските часови в понеделник и тоа на отворено, каде што ќе се работи на физичка подготвеност, а за вечерта е планирано првото колективно влегување во салата „Јане Сандански“ по пауза од точно 155 дена од последниот тренинг кога беше прекината минатата сезона.

Целокупниот тренажен процес ќе се одвива според протоколот неодамна донесен од Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со цел максимална заштита на сите во нашиот тим од опасноста поради која спортистите беа принудени неверојатно долг период да бидат „избркани“ од спортските објекти.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page