Американецот Гравет е новиот плејмејкер на МЗТ Скопје Аеродром

2020 31 Јул

Американскиот кошаркар Хасани Гравет (24 год, 188 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје Аеродром за новата сезона, откако денеска потпиша едногодишен договор со нашиот клуб.

Станува збор за одличен плејмејкер, кој лани во август потпиша договор со НБА-екипата на Орландо меџик, за која, сепак, не заигра, со оглед што беше префрлен во филијалата на овој тим во Џи-лигата, Лејкленд меџик. Во втората по квалитет професионална лига во САД, Гравет просечно реализираше 11,7 поени со 4,1 скок и 3,4 асистенции. Претходно, универзитетската кариера ја почнува во Пенсакола стејт, од каде што по една година преминува во Јужна Каролина, со која веќе во првата сезона доаѓа до фајналфор-турнирот во престижната НЦАА-лига. Негови главни оружја се брзината, агресивноста, одличниот преглед на играта и шутот за три поени.

Гравет е второто странско засилување за нашиот тим во пресрет на новата сезона, по продолжувањето на договорот со Феми Олуџоби. Тренерот Ѓорѓи Кочов во моментов на располагање има и шест македонски репрезентативци и тоа Дамјан Стојановски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ и Филип Бакоч.

4 Uni Banka.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page