Испечатете ја страната

Радуловиќ и Морнар повеќе не се играчи на МЗТ Скопје Аеродром

2020 24 Фев

Србинот Бојан Радуловиќ и Хрватот Марин Морнар од денеска и официјално не се кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром, откако потпишаа спогодбен раскин на договорите со нашиот клуб.

Нивното заминување е во контекст на неодамна најавените промени во ростерот на тимот во пресрет на решавачкиот дел од сезоната во двете домашни натпреварувања и АБА2-лигата. Морнар одигра 18 натпревари во регионалното натпреварување со просек од 5,1 поени и 2,7 кока, додека Радуловиќ настапи на 11 средби со просек од 2,5 поени и 2,8 скока. Нивните места во составот веќе ги пополнија турскиот интернационалец Рагип Атар и Американецот Феми Олуџоби.

МЗТ Скопје Аеродром на двајцата веќе поранешни кошаркари им посакува сѐ најдобро во продолжение од кариерите.