МЗТ Скопје Аеродром го ангажира Американецот Олуџоби!

2020 12 Фев

Најавените подобрување во играчкиот ростер на МЗТ Скопје Аеродром за вториот дел од сезоната почнаа со денешното потпишување договор со Американецот Феми Олуџоби (23 год., 206 см), кој се обврза на верност до крајот на сезоната.

Станува збор за крилен центар, чија главна карактеристика е брзината и скочноста и кој се очекува да донесе стабилност во играта под кошевите на нашиот тим. Тој доаѓа од Литванија, каде што настапуваше за екипата на Лиеткабелис, во која извесен период беше соиграч со нашиот поранешен играч, Стефан Синовец.

За Олуџоби ова е прва сезона како професионалец, откако мина четири во американската НЦАА-лига настапувајќи за Оукленд, АиТ универзитетот од Северна Каролина и за универзитетот Депол. Во последните две екипи настапи по една година и тоа со просек од 16,3 поени и 7,7 скока односно со 12,8 поени и 5,4 скока.

Новиот Американец ќе има доволно време за аклиматизација со оглед што следниот натпревар го играме дури на 27 февруари и тоа дома против Динамик. Дотогаш ќе се случат и најавените заминувања од сегашниот интернационален дел од тимот, кои денеска ги најави нашиот извршен директор, Тони Грнчаров.

4 Uni Banka.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page