Испечатете ја страната

Милошевиќ вторпат во само три кола е играч на колото во АБА2

2020 03 Јан

Нашите момци синоќа, по голема борба и две продолженија, дојдоа до исклучително значајна победа на гостувањето кај Рогашка (90-83), за која сигурно најзаслужен беше Ѓорѓе Милошевиќ, кој за својата фантастична партија денеска го доби и признанието за играч на колото во АБА2.

Српскиот интернационалец средбата ја заврши со 30 поени, 12 скока и три асистенции, односно со 39 индексни поени, со што воедно го изедначи најдобриот индивидуален резултат во досегашниот дел од сезоната во регионалното натпреварување. За Милошевиќ ова е второ вакво признание, откако беше МВП и пред две кола, по триумфот на составот од Аеродром на гостувањето кај Слобода Тузла.

За МЗТ Скопје Аеродром, пак, ова е петти пат да го има најдобриот во рундата, откако покрај двете признанија на Србинот идентична чест добија и Нуни Омот во првото, Џабари Хиндс во второто и Дамјан Стојановски во третото коло.