Со триумфот над Спарс победнички ја завршуваме 2019 година

2019 25 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром победнички ја завршија 2019 година, откако вечерва, во последниот годинешен меч, на домашен терен, го совладаа босанскиот тим ОКК Спарс (73-64), во првиот меч од 13. коло од АБА2-лигата.

Ова беше седма победа по ред за аеродромци сезонава во регионалното првенство, со која останаа на второто место на табелата со учинок 10-3. Сино-белите до бодовите против последно пласираниот тим дојдоа потешко од очекувањата, особено што противникот од Сараево неочекувано добро го почна натпреварот. Босанците пред крајот на првата четвртина поведоа со дури 13 поени разлика (23-10), со што најавија дека нема лесно да се предадат, иако досега имаат остварено само еден триумф.

Избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов брз го фатија приклучокот во натпреварот, откако направија фантастична серија 21-2 со која убедливата негатива ја претворија во солидна позитива (31-25). Од тој момент, „металците“ беа тимот кој го диктираше ритамот и го имаше водството, кое на крајот беше крунисано во сигурен триумф.

Дамјан Стојановски реализира 17 поени, Марин Морнар средбата ја заврши со 16 поени и шест скока, додека Ѓорѓе Милошевиќ имаше учинок од 16 поени, осум скока и четири асистенции. Поранешниот кошаркар на Партизан, Адин Врабец со 15 поени беше најпрецизен кај Спарс.

Следниот меч за МЗТ Скопје е веќе на 2 јануари и тоа на гости против словенечка Рогашка.

4 Uni Banka.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page