Фантастично прво полувреме: МЗТ Скопје лесно ја преслуша Слобода во Тузла!

2019 19 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одиграа сигурно најдобрата партија сезонава на гостински терен во АБА2-лигата, откако, вечерва, лесно ја преслушаа екипата на Слобода Тузла (82-69), во меч од 12. коло од регионалното натпреварување.

Нашите момци фантастично го одиграа првото полувреме и веќе по пет минути игра дојдоа до првото двоцифрено водство (17-6). Со тоа беа урнати сите надежи на домаќинот за евентуално изненадување, со оглед што разликата во корист на нашиот тим само се зголемуваше, за огромни плус 21 на крајот од првото полувреме (49-28).

Останатиот дел од средбата беше обична рутина за избраниците на Ѓорѓи Кочов, кои умешно ја одржуваа високата позитива, која на почетокот од последниот период изнесуваше и највисоки плус 27 (74-47). До крајот се одигра смирено, без голем ризик на двете страни, со оглед што победникот на овој меч веќе одамна беше познат.

Составот од „Јане Сандански“ беше доминантен во секој елемент од играта, со оглед што постигна десет тројки со 40-отстотна прецизност, имаше предност во скок-играта (35-28), а успеаја да „украдат“ дури 13 топки (осум повеќе од противникот), а да загубат десет топки помалку од екипата на Слобода Тузла (13-23).

Ѓорѓе Милошевиќ уште еднаш потврди дека ќе биде големо засилување за МЗТ Скопје Аеродром, откако вечерашната средба ја заврши како најефикасен со 19 поени, шест скока и четири асистенции, додека веднаш зад него беше Ерон Харис со 18 поени и пет украдени топки. Двоцифрен поентерски ефект кај аеродромци имаа уште Бојан Крстевски и Џабари Хиндс со по 13 поени

Ова беше деветта победа во 12. меч за сино-белите во АБА2-лигата, а трета во шестиот дуел на гостински терен, за задржување на второто место на табелата. Македонскиот шампион следниот регионален дуел ќе го одигра следната среда против уште еден босански тим и тоа Спарс од Сараево.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page