Драматична победа над Нови Пазар со поени на пет десетинки до крајот

2019 04 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје остануваат непоразени на домашен терен, откако вечерва, во неверојатно драматичен меч, со двете прецизно изведени слободни фрлања на Ерон Харис на пет десетинки до крајот го совладаа Нови Пазар (89-87).

Сино-белите дојдоа до шести триумф по ред во Аеродром и со вкупен скор 8-2 го продолжија притисокот врз лидерот на табелата во АБА2-лигата, Борац Чачак. Тоа беше луда завршница, во која прво Џабари Хиндс излезе надвор од теренот во ситуација кога имавме напад за победа, по што следуваше кош за гостинот, кој беше поништен, а судиите покажаа две слободни за за нашите момци.

Тоа беше натпревар во кој нападот беше посилна страна на двете екипи, поради што имаше чести промени во ритамот и серии поени на двете страни. Аеродромци подобро го почнаа натпреварот, отворија со 7-0, по што ја имаа предноста и иницијативата сѐ до пред крајот на првото полувреме. Гостинскиот тим во финишот од вториот период погоди неколку тешко шутеви што им донесе егал-ситуација на семафорот (46-46).

Српските кошаркари продолжија во ист стил и на почетокот на последната четвртина, која ја отворија со серија 9-2, која им донесе неочекувано високо водство (55-48) со оглед на претходните случувања на паркетот. Но, тоа како да ги подналути избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов, кои вложија максимален напор за да се вратат во игра, по што тие успеаја да се изборат за резултатска изедначеност (70-70) во пресрет на решавачките десет минути.

Овој пат македонскиот шампион прв се „одлепи“ со седумте поени во низа на стартот од четвртиот дел од играта. Но, „металците“ не успеаја да ја надградат оваа предност, по што противникот повторно почна да им „дише во врат“, пред сѐ поради фантастичната игра во рекотот на поранешниот кошаркар на Гостивар, Александар Тодоровиќ. Тоа на Нови Пазар им донесе ново изедначување (83-83) во пресрет на последните сто секунди. Финишот беше невидена драма со среќен крај за домашниот тим.

Јунакот Харис беше и најефикасен со 18 поени, Бојан Крстевски постигна 16 поени, додека Џабари Хиндс и Андреј Магдевски реализираа по 14 поени. Тодоровиќ средбата ја заврши со 23 поени.

4 Uni Banka.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page