К.К. МЗТ Скопје Аеродром

Со 14 тројки го торпедиравме Широки и останавме непоразени во Аеродром

2019 21 Nov

Тоа беше петти триумф по ред на нашиот тим на паркетот во „Јане Сандански“, со што се издвоивме на второто место на табелата со скор 6-2, односно со една победа помалку зад лидерот Борац Чачак. Клучен статистички елемент за триумфот беа големиот број погодено тројки, вкупно 14 и фактот што доминиравме во скок-игррата (37-26).

Гостинските кошаркари подобро го отворија натпреварот и со шест брзо поени дојдоа до предност од 11-5, која како да ги налути избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов, кои одговорија со фантастична серија 16-2 со која не само што го презедоа водството, туку му дадоа на знаење на противникот дека нема што да бара во Аеродром. Дамјан Стојановски беше буквално на секој дел од паркетот, во напад и во одбрана, додека новакот Бојан Радуловиќ на „металците“ им ја донесе потребната стабилност во играта под кошевите.

Клучниот налет го имавме во финишот од првото полувреме, кога со нова одлична серија од 10-2 се изборивме на одмор да заминеме со двоцифрена позитива (41-31). Тоа како да придонесе за полесна игра на сино-белите, кои не само што ја задржаа оваа позитива во третиот период, туку и ја зголемија на највисоки плус 18 (63-45).

Босанските кошаркари со осум брзи поени ја вратија негативата со која замина во соблекувалната, но тоа беше сѐ што направија. Нашите момци не се исплашија од нивниот налет, туку повторно се „одлепија“ на безбедни плус 16 (76-60), кои се покажаа доволни за конечен триумф.

Џабари Хиндс беше најефикасен во сино-белиот табор со 17 поени и шест асистенции, додека зад него беа Стојановски и Андреј Магдевски со по 13 поени на кои додадоа пет скока односно шест асистенции. Бојан Крстевски постигна девет поени, Ерон Харис реализира осум поени (две тројки), Кристијан Николов и Андреј Маслинко дополнија со по седум, додека Марин Морнар и Радуловиќ имаа пет односно четири поени зад своите имиња.

За точно една недела, МЗТ Скопје Аеродром ќе го одигра следниот дуел в АБА2-лигата и тоа на гостински терен против српскиот претставник Динамик, Претходно, в недела, нѐ чека сериозен предизвик на домашна сцена и тоа против најголемиот ривал, Работнички.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Следете не и на

Top of Page