Фанатичната борбеност ни донесе голема победа над Сплит

2019 05 Ное

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром одиграа фанатично во одбраната, за што говори и бројката од дури 15 украдени топки, што на крајот се покажа како клучно за триумфот во вечерашниот меч со Сплит (70-64) за задржување на непобедливоста на средбите во „Јане Сандански“.

Сплит во финишот од првото полувреме првпат посериозно резултатски се одлепи, а на стартот од третиот период дојде до плус осум (35-27). Тоа како да ги разбуди нашите момци, кои набрзо потоа вратија жестоко и со серија 14-3 се вратија во водство (44-41). Потоа поведовме и со плус шест (53-47) што ја разгоре атмосферата во салата.

До крајот, играчите на двете екипи жестоко се бореа буквално за секоја педа, а секој постигнат кош, со оглед на крајниот збир поени, беше злато вреден. Македонскиот шампион прво се одлепи на плус пет (61-56), но противникот брзо врати и со шест поени за ново минимално водство.

Тројката на Дамјан Стојановски на стартот на последната минута за 66-62 ја крена публиката на нозе, капитенот дополни со два поени на 20 секунди до крајот на 68-64, за потоа со две прецизно изведени слободни само да ја потврди големата победа.

Стојановски целиот меч го одигра маестрално и со 24 поени беше најефикасен во тимот од Аеродром, додека двоцифрен поентерески ефект имаше уште и Бојан Крстевски со 12 поени и осум скока. Мора да се нагласи фанатичната игра во одбрана на Андреј Магдевски, кој имаше неверојатни седум украдени топки, зачинети со девет поени и осум скока.

Нашиот тим сега има скор 5-1 и е прв на табелата во АБА2- во пресрет на останатите мечеви од 6. коло во регионалното натпреварување.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page