МЗТ Скопје Аеродром го пречекува некогаш двојниот европски шампион!

2019 05 Ное

Пред кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром најверојатно е најсериозниот испит досега, со оглед што вечерва, во „Јане Сандански“, ќе гостува поранешниот двоен европски шампион Сплит (19 часот), кој сезонава има сериозни амбиции во регионалното натпреварување.

Тренерот Ѓорѓи Кочов е претпазлив пред овој дуел, оставајќи му ја фаворитската улога на противникот, што секако може да биде психолошки товар. Нашите момци сезонава се беспрекорни на домашен терен (три од три), што секако е и дополнителен мотив да се продолжи победничката низа.

„Ни доаѓа екипа што според мене го има најдобриот состав во АБА2-лигата. Ако ги споредите моменталните ростери на двата тима, ќе сфатите дека ова ќе биде борба да Давид против Голијат. Дел од моите играчи за првпат ќе се сретнат со поранешниот европски шампион, а според мене нема поголем мотив одиграњето против клуб како Сплит. Ќе направиме сѐ што можеме за да ги подготвиме кошаркарите за овој дуел и средбата да ја доведеме во тесна завршница во која потоа сѐ ќе биде можно“, изјави Кочов.

МЗТ Скопје во моментов има скор 4-1 и е на делба на првото место со Борац Чачак, Сутјеска и Широки, додека Сплит има учинок 3-2 и е веднаш зад водечкиот квартет. Ова ќе биде петти дуел на двата тима досега, а досегашниот меѓусебен скор е 3-1 во корист на тимот од Аеродром. Во АБА2 резултатот е 2-0 за сино-белите, додека во елитната јадранска конкуренција скорот е 1-1.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page