Американецот Ерон Харис е нов кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром

2019 03 Ное

Бековската линија на МЗТ Скопје Аеродром од денеска е засилена со Американецот Ерон Харис (26 год, 191 см), кој со нашиот клуб потпиша договор до крајот на сезоната.

Станува збор за кошаркар со репутација на исклучителен поентер, кој универзитетската кариера ја минал на два престижни универзитети, Вест Вирџинија и пред сѐ Мичиган стејт, каде што работел со еден од најеминентните тренери во САД, Том Изо. Тоа е колеџот за кој во минатото играл еден Меџик Џонсон и кој зад себе има две титули во НЦАА-лигата. Потоа кариерата ја продолжил во Џи-лигата во екипата на Висконсин херд, а минатата сезона ја одиграл во Финска во екипата на Тамперен Пиринто.

Харис нема да има проблем да се вклопи на теренот заедно со сонародникот Џабари Хиндс, со оглед што двајцата одиграа две сезони како соиграчи во Вест Вирџинија универзитетот. Тој сигурно нема да биде во тимот за задутрешниот меч со Сплит, а се очекува да пристигне во Скопје во текот на претстојната недела.

МЗТ Скопје Аеродром во моментов бара и адекватно и квалитетно засилување и за центарската позиција, како своевидна замена за Нуни Омот, кој мораше да замине во САД поради проблеми во семејството.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page