Кениецот Нуни Омот повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром

2019 02 Ное

Кенискиот интернационалец Нуни Омот завчера, против Сутјеска во Никшиќ, го одигра последниот натпревар во дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако управата на клубот денеска стави крај на меѓусебната соработка, кој е на заедничко задоволство.

Крилниот центар веќе извесен период има семејни проблеми, поради што не можеше целосно да им се посвети на професионалните обврски, ниту, пак, да биде максимално концентриран на средбите на нашиот тим. Сериозноста на овие проблеми наложува тој да биде заедно со своето семејство во САД, па со оглед што не беше познато кога тие ќе се решат и кога тој би можел да се врати во Македонија, заеднички е заклучокот дека најдобро за двете страни е договорот да биде раскинат.

Омот настапи на пет средби за МЗТ Скопје Аеродром во АБА2-лигата со просек од 14,2 поени, 3,8 скока и една асистенција. Во домашното првенство, пак, настапи на две средби на кои просечно реализираше 18,5 поени, 4,5 скока и една асистенција.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page