Против Сутјеска во Никшиќ ја бркаме петтата победа во низа во АБА2

2019 31 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе го одиграат мечот од 5. коло од АБА2-лигата и тоа на гости кај Сутјеска (19 часот), со желба да ја продолжат победничката низа во новата сезона од регионалното натпреварување.

Сино-белите, кои ги добија претходните четири меча, се свесни дека пред себе имаат квалитетен и пред сѐ искусен противник, кој исто така повеќе од солидно го почна новиот шампионат. Составот од Никшиќ има три победи и само еден пораз и сигурно ќе стори сѐ за да дојде до уште еден триумф, кој ќе ги вивне кон самиот врв од табелата. Но, на избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов е да одиграат мудро и со цврста одбрана и трпелив напад да дојдат до посакуваните бодови.

„Секој натпревар во АБА2 е исклучително важен, поради што сум сигурен дека ќе имаме максимално сериозен пристап кон натпреварот со Сутјеска. Станува збор за екипа со огромно искуство и екстремен шутерски квалитет. Едноставно секој играч од тимот може да погоди од секоја позиција. Мора да најдеме начин да ја намалиме нивната прецизност. Ако го сториме тоа, ќе може да се надеваме на триумф, кој и тоа како би бил значаен за нас“, вели Кочов.

Ова ќе биде петти меѓусебен дуел на двете екипи, кои по двапати се сретнаа во првата и во втората јадранска лига. Скорот засега е изедначен (2-2), со тоа што минатата сезона во АБА2 двата тима ги добија домашните средби, додека во сезоната 2015/16 во АБА-лигата ситуацијата беше обратна – секој победи на теренот на противникот.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page