Испечатете ја страната

И трета недела по ред го имаме најдобриот играч на колото во АБА2-лигата

2019 17 Окт

Третата победа по ред на МЗТ Скопје Аеродром во АБА2-лигата, остварена завчера на домашен терен против Рогашка (74-54), ни го донесе и третото во низа индивидуално признание за најкорисен кошаркар на колото.

По Нуни Омот и Џабари Хиндс, овој пат МВП-наградата заврши во рацете на Дамјан Стојановски, кој средбата против словенечкиот тим ја заврши со 18 поени, девет скока и пет украдени топки.

Нашиот тим и следната средба од регионалното натпреварување ќе ја одигра на домашен терен и тоа следната средба против Борац Чачак (18 часот).