Испечатете ја страната

Роденденски подарок: Нуни Омот е МВП на првото коло во АБА2-лигата!

2019 04 Окт

Фантастично официјално деби во дресот на МЗТ Скопје Аеродром имаше кенискиот интернационалец Нуни Омот, кој одигра маестрално во синоќешната победа над ОКК Слобода Тузла (110-88) на стартот од сезоната во АБА2-лигата.

Кошаркарот на сино-белите, кој вчера го прослави 25. роденден, средбата ја заврши со 33 поени за 28 минути поминати во игра и тоа со само едно промашување за два поени (7/8), а беспрекорни 6/6 за ударите за тројки. Омот додаде и по три скока и асистенции, а имаше и една украдена топка за 37 вкупен коефициент на корисност. Тој воедно беше и прв стрелец со 33 поени, со најдобар процент на успешни удари кон противничкиот кош (92,9-отсто).

Меѓу најдобрите по првото коло од АБА2 е и Американецот Џабари Хиндс, кој е втор асистент со осум успешни додавања и втор „крадец“ со четири украдени топки.