Кениец кој играл во Летната лига во НБА е првото странско засилување за МЗТ Скопје

2019 25 Јул

Кенискиот интернационалец кој доаѓа од американската ЏИ-лига, Нуни Омот (24 год, 206 см), е првото странско засилување за МЗТ Скопје Аеродром за новата сезона, откако денеска потпиша договор до крајот на сезоната со нашиот клуб.

Станува збор за исклучително квалитетен крилен центар, кој добро се снаоѓа и на позицијата „3“ и кој, како што велат голем број американски стручњаци, важи за играч со огромен потенцијал поради што, според нив, нема да биде чудо ако во блиска иднина заигра и во НБА-лигата. Тој веќе знае како е да игра за екипа која е дел од најсилното кошаркарско натпреварување во светот. Лани прво настапи на пет средби во Летната лига во дресот на Голден стејт вориорс, а потоа беше дел од тренинг кампот на Бруклин нетс, екипа за која настапи и на претсезонскиот натпревар против Њујорк никс.

Омот непосредно пред почетокот на минатата сезона беше префрлен во филијалата на „мрежичките“ во развојната ЏИ-лига, што значи дека е интересен кошаркар за челниците на овој НБА-тим. Во дресот на вториот тим на Бруклин нетс, нашиот нов кошаркар настапи на 44 средби со просек од 5,5 поени и два скока. Претходно, имаше и повеќе од солидна универзитетска кариера во дресот на Бејлор универзитетот, каде што пристигна кога во професионалци замина нашиот доскорешен играч, Лестер Медфорд, кој исто настапуваше за оваа екипа. Во последната сезона во НЦАА-лигата тој на 34 средби имаше просек од 9,9 поени, 3,6 скока и 1,7 асистенции.

Кениецот, кој важи за одличен шутер со речиси 50-отстотна прецизност во шутевите од поле, е осми кошаркар кој во моментов е под договор со МЗТ Скопје Аеродром, откако претходно ги ангажиравме Кристијан Николов и Бојан Крстевски и ги обновивме договорите со Андеј Магдевски и Андреј Маслинко. Од минатата сезона обврски кон нашиот клуб имаат Дамјан Стојановски, Марко Симоновски и Ранко Мамузиќ. Тренерот Ѓорѓи Кочов продолжува да ја предводи екипата и во следниот шампионат.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page