МЗТ Скопје Аеродром го потврди настапот во АБА2-лигата за следната сезона!

2019 23 Јун

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром и следната сезона ќе биде дел од АБА2-лигата, откако управата на клубот реши да ја прифати поканата за настап во оваа конкуренција која ни следува како шампион на Македонија.

Ова ќе биде наша втора сезона во ова натпреварување, во која ќе дадеме сѐ од себе да отидеме еден чекор понапред од годинава, во однос на обезбедување место кое би нѐ вратило во јадранската елита. Лигата минатата сезона се покажа како квалитетна, со многу сериозни противници, што секако е идеално место за спортско усовршување, пред сѐ на младите таленти во нашиот состав.

МЗТ Скопје Аеродром минатата сезона играше во финалето од ова натпреварување, кое за првпат беше во плејоф-формат против Сикст Приморска, а потоа немаше среќа во бараж-пресметката против Задар, во која Џејмс Вудард во вториот меч имаше шут за враќање во АБА-лигата, кој за жал не успеа да го реализира.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page