Print this page

„Мајсторката“ ќе го реши победникот во баражот за влез во АБА!

2019 23 Apr

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја пропуштија првата шанса за конечен триумф во баражот за влез во АБА-лигата, откако вечерва загубија на домашен терен во вториот меч со Задар (77-78) со што противникот изедначи на 1-1 во серијата што се игра до две победи.

„Мајсторката“ ќе го даде конечниот одговор за тоа која од овие две екипи ќе игра во јадранската елита следната сезона, а таа е закажана за следниот вторник (30 април) во Хрватска. Аеродромци играа добро во поголемиот дел од средбата, во два наврати имаа двоцифрена предност, која во третиот период беше и плус 14 (51-37) до која дојдовме со серија 16-2.

Но, потоа како да нѐ достигна заморот, што задрани го искористија полека, но сигурно да ни се приближат резултатски. Првото посериозно водство го имаа дури кон средината на последниот период, а во последните минути влегоа и со плус шест (73-67). Дури и тогаш направивме напор, дојдовме до минус еден и имавме осум секунди за последниот напад, но Џејмс Вудард не успеа да погоди за голема радост на противничката клупа.

Вудард со 26 поени беше најпрецизен во нашиот тим, Лестер Медфорд постигна 17, а Иве Иванов 14 поени.