МЗТ Скопје Аеродром брка злато вредна победа над Задар за враќање во АБА-лигата

2019 23 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром денеска, на домашен терен, ќе го одиграат вториот натпревар од баражот за влез во АБА-лигата против Задар (18 часот) во кој се решени да дадат сѐ од себе за да дојдат до уште еден триумф, кој воедно ќе значи и враќање во друштвото на најдобрите на Јадранот.

Сино-белите одиграа фантастично на првата средба во салата „Крешимир Ќосиќ“ и дојдоа до злато вреден „брејк“, кој сега треба да се потврди на сопствениот паркет. Ова дефинитивно е мечот на сезоната за нашиот тим, со оглед на огромниот влог, додека евентуален неуспех би значело изедначување во серијата и „мајсторка“ која следниот вторник би се одиграла во Хрватска. Тимот е комплетен, повредени нема, а расположението е на максимално ниво.

„Ова е исклучително важен натпревар како за нашиот клуб така и за целокупната македонска кошарка. Свесни сме дека Задар е силна и искусна екипа, која без разлика на сѐ мора и тоа како да се респектира. Првиот меч мора да го заборавиме и не смееме да размислуваме премногу што ни носи триумфот на овој дуел, туку мора да се фокусираме да одиграме со уште поголема енергија и ангажираност. Противникот сезонава игра подобро на гости, факт кој никако не смееме да го занемариме. Се надевам дека со помош од домашната публика, моите играчи ќе одиграат и над моментните можност за да може на крајот сите заеднички да славиме“, вели тренерот Кочов.

Ова ќе биде 14. меѓусебен натпревар на двата тима во регионалната конкуренција, во кој МЗТ Скопје ќе има шанса да го изедначи резултатот на 7-7. Во Скопје досега биле одиграни шест меча, а скорот е 4-2 за нашиот состав. Билетите за средбата се веќе пуштени во продажба по симболична цена од 50 денари.

Средбата ќе биде пренесувана на каналите на Арена спорт телевизија.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page