Секој меч е посебна приказна: Втора шанса за посакуваниот „брејк“ во Копер!

2019 02 Апр

Предавање нема, сѐ што било синоќа е веќе заборавено, а сите сили се насочени кон вечерашниот втор финален плејоф-меч од АБА2 против Приморска (20 часот), кој повторно ќе се одигра во салата „Боњифика“ во Копер.

Фантастичниот шут за три поени на противникот (13/21) беше главната причина за нивната убедлива победа во синоќешната прва пресметка, секако и со одличниот шут и во ударите за два поени. Но, овој меч е веќе минато, а поразот не го намали мотивот за надигрување кај избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов. Секој меч е приказна за себе, сметаат во сино-белиот табор, што значи дека вечерва ќе се почне од „нула“ со идентични шанси за триумф на двете страни.

„Уште кога го напуштивме паркетот по вчерашната пресметка почнавме да мислиме на дуелот кој е пред нас. Без разлика на тоа што се случи, не се предаваме однапред ниту, пак, мислиме дека Приморска е непобедлива. Синоќа тие имаа свој ден, зошто овој пат ние да бидеме тие што ќе погодуваат од секаде. Мора да ја подобриме агресивноста во одбраната и ако успееме во тоа ќе си овозможиме лесни поени, кои и тоа како се добри за моралот. Нема предавање, одиме да одиграме најдобро што знаеме и да се бориме достојно за боите на клубот“, вели Американецот Лестер Медфорд.

Промени во играчкиот дел нема, тренерот Кочов повторни ги има сите сили на располагање, секако со исклучок на подолго време повредениот Андреј Маслинко. Без разлика исходот од вечерашниот дуел, двете екипи утре заедно ќе тргнат на пат кон Скопје каде што задутре и евентуално в пет ќе се одиграат третиот и четвртио финален меч од серијата што се игра до три победи.

И од вечерашната пресметка најавен е директен телевизиски пренос на каналите на Арена спорт.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page