Приморска подобра во првиот финален меч во Копер!

2019 01 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром не успеаја со „брејк“ да ја почнат финалната плејоф-серија во АБА2-лигата, откако вечерва загубија од Приморска (71-93) во првиот од двата меча кои денеска и утре (ќе) се играат во Копер.

Противникот беше фантастично шутерски расположен, особено во првото полувреме во кое постигна седум тројки од само 11 обиди (на крај имаше 13/21). Словенците во првите 20 минути шутираа неверојатно и за два поени (61,2-отсто), што им донесе позитива од 15 поени (53-38) пред крајот на првото полувреме. Домаќинот во првите две четвртини направи две одлични серии, прво во финишот од првиот и почетокот од вториот период со 15-2 дојдоа до плус 14 (35-21), а потоа, откако составот од Аеродром одговори со десет поени во низа, со нова серија, овој пат 12-3, дојдоа до позитивата која ја имаа и на крајот од полувремето (51-36).

Кошаркарите на Приморска продолжија во ист стил и во третите десет минути, погодија неколку тројки и од тешки позиции, со кои првпат дојдоа и до предност поголема од 20 поени (66-45). До крајот тренерите почнаа да калкулираат со минутажата на најдобрите кошаркари, со цел да ги одморат, но и со поголема минутажа да пробаат да ги разиграат резервистите од кои би можеле да излезе некој џокер на утрешната втора пресметка на истото место.

Иве Иванов со 13 поени беше најпрецизен во тимот на МЗТ Скопје, додека Андрија Бојиќ реализира 12 поени. Убедливо најзаслужен за триумфот на Приморска беше Американецот Ленс Херис со 24 поени од кои седум тројки со само три промашувања.

Втората шанса за толку посакуваниот „брејк“, кошаркарите на МЗТ Скопје ќе ја имаат утре вечер во салата „Боњифика“ во Копер со почеток во 20 часот.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page