Кочов: Финалето е награда за сиот вложен труд, но наша цел останува – влез во АБА!

2019 01 Апр

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром вечерва, во Копер, ќе го одигра првиот финален меч од плејофот во АБА2 против Приморска (18 часот), серија која ќе се игра до три победи и пеколен ритам кој предвидува првите четири средби да се одиграат во само – пет дена.

Аеродромци веќе се запознаа со условите во салата „Боњифика“, која има капацитет од околу 3.000 места и најавуваат борба до последниот атом за барем еден „брејк“ во двата меча кои вечерва и утре ќе се одиграат на теренот на противникот. Приморска во серијата влегува како фаворит, поради првото место на табелата во регуларниот дел од сезоната, но тоа носи дополнителен мотив за избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов да дојдат до вкупен триумф, а со тоа и остварување на примарната цел – влез во АБА.

„Досега одигравме 22 натпревари во регуларен дел и два полуфинални меча, по што може да бидеме задоволни од пласманот во големото финале, но тоа никако не значи дека со тоа завршуваат нашите амбиции иако играме против квалитетен тим како Приморска. За противникот и не треба нешто посебно да се зборува. Тоа е екстра тим, кој сигурно поседуваат квалитет и за во АБА-лигата. Кого и да прашате од тие што барем малку пратат кошарка ќе ви кажат дека Приморска е фаворити во ова финале. Исто и лани беа фаворити, но на крајот несреќно загубија од Крка. За разлика од минатата сезона, тие сега имаат многу посилен ростер. За нас ова финале е од огромно значење и е шанса за валоризација на сѐ што градевме цела сезона, а тоа е влез во елитното јадранско друштво. Нема да биде нималку лесно, а и не ни треба да биде бидејќи, сепак, ова е финале. Верувам во моите играчи дека и покрај заморот, кој реално е повеќе од присутен, дека ќе го дадат и последниот атом од нивната сила за да стигнеме до зацртаната цел“, вели Кочов.

Словенците ги добија двете досегашни меѓусебни пресметки, но во мечеви кои беа неверојатно изедначени и во кои МЗТ Скопје беше на чекор до триумф. Тоа особено се однесува на првата пресметка во Копер, кога сино-белите имаа плус осум во финишот, но примија осум поени во низа и на крајот загубија по едно продолжение. „Металците“ овој пат се решени да се реваншираат за тој несреќен пораз и тоа по можност уште вечерва, што би значело далеку порелаксиран настап во утрешната пресметка.

Кочов на располагање ги има сите кошаркари, со исклучок на подолго време повредениот Андреј Маслинко. Победникот обезбедува пласман во АБА, додека поразениот ќе игра дополнителен бараж за влез во јадранската елита против Задар.

Сите финални средби ќе бидат директно пренесувани на каналите на регионалната телевизија Арена спорт.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page