Словенечка Приморска е противникот на МЗТ Скопје во плејоф-финалето од АБА2!

2019 24 Мар

МЗТ Скопје Аеродром во финалето од плејофот во АБА2-лигата ќе ги одмери силите со словенечкиот тим Сикст Приморска, кој вечерва по вторпат го совлада Борац Чачак (73-69) во втората полуфинална серија од регионалното натпреварување.

Екипата од Копер како гостин победи во возбудлив и драматичен меч во кој домашниот тим имаше голема шанса да се избори за „мајсторка“. Поголемото искуство на Словенците се покажа како клучен фактор во неизвесната завршница, која за нив имаше среќен крај.

Финалната серија се игра до три победи и почнува на 1 и 2 април со првите две средби на теренот на Приморска. Потоа, тимовите се селат во Скопје каде што ќе ги одмерат силите на 3 април и, ако има потреба, уште еднаш еден ден подоцна. Евентуалната „мајсторка“ ќе се одигра на 8 април во Копер.

Победникот од оваа пресметка ќе обезбеди настап во АБА-лигата следната сезона, додека поразениот ќе има уште една шанса за такво нешто и тоа преку бараж-дуел со хрватски Задар.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page