Четири од четири против Спарс: МЗТ Скопје ептен заслужено е во финалето од АБА2!

2019 24 Мар

Доминантно, без никаква дилема, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се пласираа во финалето од АБА2-лигата, откако попладнево, со подобра игра во текот на сите 40 минути, вторпат по ред во полуфиналната плејоф-серија (вкупнио четврти пат сезонава) го совладаа тимот на Спарс со 84-70.

Тимската игра и фанатичната агресивност во одбраната беа клучните елементи, кои на сино-белите им ја донесоа посакуваната победа. Аеродромци имаа поголем број асистенции од противникот (21-12), многу помалку загубени (5-14), како и дури девет украдени топки, што заедно со солидниот шут за два и три поени и речиси максималната прецизност во ударите од линијата за слободни фрлања (17/19) го донесоа и тоа како посакуваниот епилог на крајот.

Избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов од самиот старт покажаа исклучителна решителност за победа, за што најдобро говори водството 11-2 по само три минути игра. Ова им овозможи мирна игра со која разликата беше умешно одржувана, за пред самиот крај на првото полувреме таа првпат да биде изразена со двоцифрен број поени (41-31). Но, следуваа две брзи тројки на гостите од Сараево, колку работите да бидат подраматични во вториот дел од натпреварот.

Гранитната одбрана најмногу дојде до израз на стартот од третата четвртина, кога МЗТ Скопје со осум поени во низа дојде до највисоката предност дотогаш од плус 12 (49-37). На тимот од „Јане Сандански“ ова му донесе можност за поголема ротација и спуштање на ритамот со цел поодморен да влзе во финишот, со оглед што беше јасно дека младите кошаркари на Спарс немаат намера да се предадат без разлика на негативата која ја имаа во тој момент.

Составот од БиХ држеше каков-таков приклучок сѐ до средината на последниот дел од играта, кога Лестер Медфорд и Дамјан Стојановски со серија поени во низа зголемија на 80-65, предност која се покажа како недостижна за цврстиот ривал.

Иве Иванов беше најефикасен во тимот од „Јане Сандаски“ со 24 поени, осум скока и четири асистенции, додека веднаш зад него беше Дамјан Стојановски, кој средбата ја заврши со 19 поени и три скока. Лестер Медфорд средбата ја заврши со 14 поени и девет асистенции додека Предраг Самарџиски и Андрија Бојиќ постигнаа 11 односно 10 поени.

Во битката за епитетот најдобар тим во АБА2, а со тоа и за влез во елитната јадранска конкуренција, кошаркарите од Аеродром ќе се борат против подобриот од полуфиналната серија помеѓу словенечка Приморска и Борац од Чачак (1-0). Финалето почнува на 1 април.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page