Кочов: Ќе гинеме за секоја топка за да дојдеме до посакуваното финале!

2019 24 Мар

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром попладнево, на домашен терен, ќе го одиграат вториот полуфинален натпревар од плејофот во АБА2 против Спарс (17 часот), во кој бркаат победа вредна пласман во големото финале.

Кошот на Лестер Медфорд на секунда до крајот на сино-белите им донесе голема победа на гостувањето во Сараево и им ги отвори вратите од битката за епитетот најдобар во ова регионално натпреварување, а со тоа и за враќање во јадранската елита. Во меѓувреме, завчера, избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов мораа да одиграат и на домашна сцена, го победија Куманово, што значи дека заморот е факт кој не смее да се запостави.

Но, без разлика на тоа, нашите кошаркари и стручен штаб сѐ решени да дадат сѐ од себе за да дојдат до посакуваната победа, која носи две шанси за експресен камбек на тимот во АБА, преку финалето и евентуално преку баражот со Задар.

„Победата на теренот на противникот ја заборавивме уште на враќањето кон Скопје. Ова е плејоф, каде што влогот е голем, а секој натпревар поразличен од претходниот. Очекувам уште еден неизвесен дуел против Спарс, во кој мотивацијата ќе биде клучен фактор. Во мечот ќе влеземе без никакви калкулации и ќе дадеме сѐ од себе за да победиме. Ќе го заборавиме заморот, кој реално е присутен во тимот, бидејќи желбата да играме финале е поголема од него. Сакам да се гине за секоја топка во сите 40 минути. Знам дека играчите се свесни за тоа и знам дека ќе го дадат својот максимум. Ги повикувам и нашите навивачи да дојдат во што поголем број да ни помогнат до уште една исклучително важна и тешка победа“, вели Кочов.

Ова ќе биде четврти меѓусебен дуел на двете екипи, а досегашниот скор е 3-0 за МЗТ Скопје Аеродром. Влезниците за овој натпревар ќе се продаваат на билетарата пред салата „Јане Сандански“ почнувајќи од 14 часот па сѐ до почетокот и тоа по цена од 50 денари.

Предвиден е и телевизиски пренос на регионалната телевизија Арена спорт.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page