„Противникот е силен, но со добра одбрана ќе може да го освоиме Никшиќ!“

2019 06 Мар

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе го одиграат претпоследниот меч од регуларниот дел од сезоната во АБА2 и тоа на гостински терен против тимот на Сутјеска (19 часот), во кој влегуваат со желба за победа која ќе ги остави во игра за втората позиција на табелата пред плејофот.

Сино-белите против себе ќе имаат мотивиран противник, кој исто така има императив да триумфира со оглед што сѐ уште е во конкуренција за последното место кое води во доигрувањето, заедно со српските екипи Динамик и Борац Чачак. Сето ова најавува голема битка во Никшиќ во која составот од Аеродром влегува без повредените Марко Симоновски и Андреј Маслинко.

„Ова е меч од огромно значење и за двете екипи, а можеби и натпревар на сезоната и за нас и за нив со оглед што Сутјеска ќе брка победа за задржување на шансите за четвртото место на табелата во АБА2, а МЗТ Скопје Аеродром за втората позиција која би ни донела предност на домашен терен во полуфиналето од плејофот. Очекувам голема борба на секој дел од теренот. Сутјеска е опасен противник кого добро го познаваме. Со правилен пристап и со добра одбрана верувам дека можеме да стигнеме до победа во Никшиќ“, вели тренерот Ѓорѓи Кочов.

Ова ќе биде четврта меѓусебна средба на двата противника, а досегашниот меѓусебен скор е 2-1 за МЗТ Скопје Аеродром, кој првиот дуел сезонава го доби убедливо и тоа со плус 21 поен разлика (94-73).

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page