Убедливо ја средивме Рогашка и официјално осигуравме место во плејофот во АБА2!

2019 28 Фев

Со фантастична игра во втората и третата четвртина, кои ги добија со огромни плус 29 (54-25), кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром лесно и убедливо ја совладаа словенечка Рогашка (84-70) и официјално обезбедија место во плејофот во АБА2-лигата.

Едномесечната пауза беше причина што македонскиот тим влезе претпазливо во натпреварот, што гостите го искористија да го контролираат резултатот во првата четвртина. Но, како одминуваше времето така сино-белите играа сѐ подобро, што во 13. минута им го донесе првото водство на мечот (22-21). Од тој момент на паркетот постоеше само еден тим, кој го диктираше ритамот и играше онака како што треба да игра кандидат за влез во регионалната елита.

До крајот на првото полувреме домаќинот дојде и до двоцифрена позитива (40-28), а избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов продолжија во ист стил и по одморот, кога во целост беше скршен отпорот на гостите од Слатина. Сѐ останато до крајот беше само рутинско одбработување на задачата, а конечната позитива ќе беше и многу повисока да не беше намалувањето на брзината во финишот со цел да се сочуваат дел од силите за предизвиците кои се пред нашиот тим.

Андрија Бојиќ со 17 поени беше најпрецизен кај „металците“, Лестер Медфорд и Иве Иванов постигнаа по 14 поени, Џејмс Вудард беше стрелец на 13, а Предраг Самарџиски 10 поени.

Тимот од Аеродром сега има учинок 14-6 и останува трет, но со веќе и теоретско обезбедено место во доигрувањето на две кола до крајот на шампионатот. Во следните рунди, на гости против Сутјеска (следната среда) и дома против Спарс, ќе брка две победи кои ќе му го гарантираат второто место на табелата, а со тоа и предноста на домашен терен во полуфиналето од плејофот.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page