Кочов: Со агресивна одбрана до значаен триумф во пресметката со Рогашка!

2019 28 Фев

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва, против словенечкиот тим Рогашка (19 часот), го почнуваат клучниот дел од сезоната во АБА2-лигата во кој ќе треба да се завери учеството во плејофот, како и да се обезбеди што е подобра стартна позиција во доигрувањето.

Денешниот дуел е прв од преостанатите три во регионалното натпреварување, во кој победата е непходна во трката за втората позиција која носи предност на домашен терен во доигрувањето. Екипата е комплетна со враќањето на македонските репрезентативци и на повредениот Лестер Медфорд, а единствен кој нема да може да помогне е повредениот Андреј Магдевски, кој неодамна ги оперираше препоните.

„Секој следен натпревар во АБА2-лигата за нас е од исклучителна важност. Кошаркарите се свесни за тоа и знам дека не треба посебно да им потенцирам дека нѐ очекува завршниот дел за кој трениравме и се мачевме во текот на целата сезона. Рогашка е една од најдобрите шутерски екипи во лигата, но верувам дека со максимална индивидуална и тимска одговорност и агресивна одбрана ќе успееме да се реваншираме за поразот во првиот дел од шампионатот во Слатина“, вели тренерот Ѓорѓи Кочов.

МЗТ Скопје Аеродром во моментов е на третата позиција со скор 13-6, односно со една победа помалку во однос на директниот конкурент за посакуваната позиција на табелата, сараевски Спарс. Вечерашната пресметка во „Јане Сандански“ е и шанса за реванш за поразот од Рогашка во првиот меч одигран во Слатина. Влезот за овој натпревар е – БЕСПЛАТЕН.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page