Кочов: Вршац можеби е последен, ама никако не смее да се потцени!

2019 30 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва, против српски Вршац (19 часот), ќе го одиграат последниот меч на домашен терен во АБА2-лигата пред речиси едномесечната пауза поради одигрување на куп-завршниците и репрезентативниот прозорец на ФИБА, со желба за уште еден триумф во низа со која би останале во самиот врв од табелата во регионалното натпреварување.

Сино-белите се во серија од три победи, а дуелот со гостинот од Србија е идеална шанса за продолжување во ист ритам и потврда на значајниот „брејк“ минататаа недела против Сплит. Вршав е последен на табелата со само една победа, поради што нашиот тим влегува како голем фаворит, но тоа нема да биде причина тој да биде потценет.

„Без разлика што играме против последниот тим на табелата, во мечот ќе влеземе максимално ангажирано и фокусирано. Вршац е противник кој не смее да се потцени без разлика на резултатите, екипа која постигнува голем број поени што значи игра одличен напад. Моите кошаркари се свесни за значењето на секој нареден натпревар, поради што од нив очекува вистински пристап и голема борбеност. А, ако направат тоа тогаш ќе бидеме блиску до посакуваната цел“, вели тренерот Ѓорѓи Кочов.

Во тимот одново ќе го нема повредениот Лестер Медфорд, додека сите останати се подговени да го дадат максимумот за остварување на 13. победа во 18. меч во АБА2 сезонава. Средбата се игра во салата „Јане Сандански“, а влезот е СЛОБОДЕН.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page