Важна победа: Среде Сплит го средивме поранешниот троен европски шампион!

2019 24 Јан

По голема борба и искажана огромна борбеност и карактер, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа поранешниот троен европски шампион Сплит (78-76) во меч од 17. коло од АБА2-лигата по кој дојдоа до скор 12-5.

Ова воедно е трет триумф во низа за сино-белите, со кој остануваат на второто место на табелата, кое носи предност на домашен терен во полуфиналето од плејофот за пласман во елитата. Аеродромци наполно заслужено дојдоа до драгоцените бодови, со оглед што го имаа водството во поголемиот дел од средбата. Домаќинот во финишот се закани и со серија 9-0 кон средината на последниот период направи пресврт (72-68), на што избраниците на Ѓорѓи Кочов одговорија маестрално и тоа со осум поени едно по друго (76-72), кои се покажаа доволно за краен успех.

Џејмс Вудард, кој денеска го прослави 25. роденден, промаши две слободни фрлања на 25 секунди до крајот, но домаќинот не го реализира последниот напад па на семафорот остана 78-76 во корист на македонскиот претставник во регионалното натпреварување.

Главна причина за победата на МЗТ Скопје се покажаа големиот број постигнати тројки (14), а кошаркарите на овој тим беа подобри и во скок-играта (38-36) како и во делот на асистенции (19-16). Иве Иванов со 18 поени и 10 скока беше најдобар кај „металците“, Марко Симоновски беше одличен со 15 поени (5/9 за тројка), додека Дамјан Стојановски постигна 14, а Вудард 13 поени.

Следен јадрански предизвик за МЗТ е српски Вршац следната среда на домашен терен.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page