Кочов: Со мотивираност и борбеност да се искористат слабите страни на Сплит!

2019 24 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе му гостуваат на поранешниот европски шампион Сплит (19 часот), во меч од 17. коло од АБА2-лигата во кој ќе пробаат да ја продолжат победничката низа и да останат во самиот врв од табелата.

Сино-белите врзаа две победи и посакуваат во ист стил да продолжат и во Хрватска, против тим кој има богата традиција, кој во моментов и тоа како е ранлив. Аеродромци посакуваат реприза на првиот дуел во Скопје, во кој славеа убедливо и лесно (104-87), а свесни се дека да одиграат максимално мотивирано и борбено ако сакаат сличен епилог и на вечерашната пресметка во легендарното „Грипе“.

„Доаѓаме во градот кој има оставено траен белег во европската кошарка и играме против клуб со огромна традиција. Екипата на Сплит има големи проблеми со повредите во текот на сезоната, но и покрај тоа покажа дека можат со секого да се надигруваат дури и без клучните играчи во ростерот. Наше е да излеземе крајно мотивирани и да пробаме да ги искористиме сите слабости на противникот кои ги знаеме. Ако успееме во тоа тогаш ќе можеме да победиме во пресметката со еден крајно незгоден и квалитетен противник“, вели тренерот Ѓорѓи Кочов.

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром и на овој меч ќе настапи без стартниот плејмејкер, Лестер Медфорд, но радува што сите останати му се на располагање на стручниот штаб, вклучувајќи го и подолго време повредениот Љубомир Младеновски.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page