Print this page

Бојиќ е прв стрелец, а Магдевски и Маслинко најдобри „крадливци“ на колото во АБА2!

2019 18 Jan

Одличната игра и убедливата победа на МЗТ Скопје Аеродром во завчерашната пресметка против Зрињски донесе и неколку индивидуални награди во нашиот тим.

Андрија Бојиќ со 26 поени е прв стрелец на колото во АБА2-лигата, а со својот учинок заврши како трет во трката за најкорисен кошаркар. Фантастичната агресивност на избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов донесе уникатна ситуација каква што досега немало во регионалното натпреварување, а тоа е двајца наши играчи да бидат на првите две места во категоријата за украдени топки. Андреј Магдевски со четири е прв „крадливец“, додека веднаш зад него е Андреј Маслинко со три.

Интересно е што МВП на колото е поранешен играч на МЗТ Скопје, Никола Павличевиќ од Сутјеска, кој го носеше сино-белиот дрес во минатата сезона.