Кочов: Со добра одбрана да дојдеме до важен триумф против Зрињски!

2019 16 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе го пречекаат актуелниот босански шампион Зрињски (19 часот) во меч од 16. коло од АБА2-лигата во кој влегуваат со желба за реванш за поразот во првата меѓусебна пресметка како и за потврда на значајниот „брејк“ од минатото коло остварен против Ловќен.

Сино-белите воопшто не го потценуваат ривалот без разлика на неговиот пласман на табелата каде што е трет одзади со учинок (5-10). Станува збор за незгоден противник, кој не смее да биде оставен да го наметне ритамот. Тренерот Ѓорѓи Кочов ниту на овој меч нема да може да смета на повредениот Лестер Медфорд, но се очекува на паркетот да се врати центарот Љубомор Младеновски, кој речиси два месеци е во аут поради повреда на раката.

Нѐ очекува дуел со актуелниот шампион на БиХ, кој никако не смее да се потцени без разлика на моменталниот изглед на табелата во АБА2. Зрињски е екипа која знае да биде многу опасна ако ѝ се дозволи тоа, што ние најдобро го почувствувавме на претходното гостување во Мостар. Во натпреварот мора влеземе максимално ангажирани и фокусирани, а сигурен сум дека со добра одбрана ќе може да дојдеме до триумф кој и тоа како би бил значаен во трката за место во плејофот“, вели стратегот на „металците“.

МЗТ Скопје Аеродром во моментов е втор на табелата со учинок 10-5, а пласман во плејофот ќе обезбедат четирите првопласирани на крајот од регуларниот дел од сезоната. Влезот за вечерашниот дуел во „Јане Сандански“ е - БЕСПЛАТЕН.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page