Кочов: Со пожртвуваност и борбеност до поволен резултат против Ловќен!

2019 09 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе му гостуваат на црногорскиот тим Ловќен (18. часот), во меч од 15. коло од АБА2-лигата во кој ќе пробаат да се вратат на победничките патеки по двата неуспеха во низа.

Ситуацијата и пред овој дуел не е розова, пред сѐ поради отсуството на најдобриот асистент во лигата и мотор на екипата, Лестер Медфорд, кој има скршеница на раката: Во тимот ќе го нема ниту репрезентативниот центар Љубомир Младеновски, кој веќе втор месец се рехабилитира од слична повреда. Добра вест е ангажманот на искусниот Предраг Самарџиски, кој треба да донесе квалитет и стабилност во играта под кошевите и чие второ деби во сино-белиот дрес се очекува вечерва во Цетиње.

Стручниот штаб на нашиот тим е свесен дека против себе имаме силен тим, кој во последно време игра одлично и дека само со пожртвуваност и максимална мотивираност би можеле да дојдеме до посакуваните бодови, кои би биле исклучително значајни во борбата за највисок пласман во регионалното натпреварување.

„Свесни сме дека нѐ очекува можеби најтешкото гостување до сега. За противник имаме екипа кога игра одлична кошарка, со одлични бекови и високи играчи кои можат да шутираат за три поени. Ова е натпревар во кој немаме избор, мора да влеземе максимално пожртвувано и борбено. Ги знаеме сите нивни предности и слабости, а сметам дека победникот ćе го реши подобрата одбрана“, вели тренерот Кочов.

МЗТ Скопје Аеродром беше подобар во првиот меѓусебен дуел со Ловќен во „Јане Сандански“, каде што триумфиравме со 100-90 по едно продолжение.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page