Кочов со повик до навивачите: Дојдете да ни помогнете кога ни е најтешко!

2019 02 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром работно ја дочекаа новата 2019 година, со оглед што веќе утре ќе го одиграат и првиот меч и тоа на домашен терен против лидерот на табелата во АБА2-лигата, словенечка Приморска (18 часот).

Силниот ривал доаѓа во најнезгоден можен момент за нашиот тим, откако на последниот дуел во претходната година се повреди моторот на екипата, Лестер Медфорд. Американецот има скршеница на десната дланка и најмалку еден месец ќе биде во аут, а утре нема да може да помогнат ниту Љубомир Младеновски и Андреј Маслинко, кои исто така се повредени.

Сериозноста на ситуацијата и тоа како му е јасна на тренерот Ѓорѓи Кочов, кој и покрај тоа најавува максимална пожртвуваност, но истовремено ги кани сите навивачи на клубот да дојдат во „Јане Сандански“ и да ни помогнат во моментите кога ни е најтешко.

„Се наоѓаме во најтешка ситуација до сега. На списокот на повредени кошаркари се најде и Медфорд, а секој кој изгледал барем една наша средба знае колку тој е важен за нашиот тим. Згора на тоа, сѐ уште не можеме да сметаме на Младеновски и на Маслинко, што дополнително ја отежнува нашата ситуација. Единствено позитивно е што играме дома и ја користам можноста да ги повикам сите навивачи на МЗТ Скопје да дојдат и да ни ја дадат поддршката кога ни најмногу потребна. А, ние ќе излеземе на терен и ќе дадеме сѐ од себе за да победиме во овој исклучително важен меч за нас“, вели Кочов.

Приморска, која има само еден пораз досега во АБА2, по едно продолжение среќно избегна пораз во првиот меѓусебен дуел на домашен терен, кога МЗТ Скопје Аеродром (81-94) беше далеку подобар ривал со плус осум на 130 секунди до крајот.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page