Лоша вест за крај на 2018: Медфорд пет недели надвор од теренот!

2018 31 Дек

Загубата на бодовите на неодамнешното гостување кај Борац Чачак се покажа како помали проблем за МЗТ Скопје Аеродром, со оглед што во финишот од средбата се повреди еден од најдобрите поединци во тимот, Лестер Медфорд.

Американецот, на неколку минути до крајот, „заглави“ во дуел со противнички играч по што почувствува голема болка во дланката на десната рака. Деталните лекарски прегледи покажаа дека станува збор за скршеница поради која плејмејкерот ќе биде најмалку пет недели надвор од стројот. Неговата рака е имобилизирана, па дури по кога ќе му биде изваден гипсот ќе може да почне со рехабилитација.

Повредата на Медфорд доаѓа во лош момент за нашиот тимот, со оглед што веднаш на стартот на 2019 година нѐ очекуваат два по ред дуели против силни ривали и конкуренти за највисок пласман – дома против Приморска (3 јануари) и на гости кај Ловќен (9 јануари). Најавите се дека бекот ќе ги пропушти петте дуели во месец јануари во кои уште се пресметките со Зрињски и Рогашка на домашен терен и гостувањето кај Сплит.

Медфорд е кошаркарот со убедливо најголема минутажа сезонава во тимот од „Јане Сандански“ во средбите од АБА2 во кои просечно реализира 13,2 поени, 4,5 поени и 7,8 асистенции, со што е убедливо најдобар додавач во лигата во досегашниот дел од регионалното првенство.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page