Не го издржавме налетот на Борац во последниот меч од 2018 година

2018 27 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром не успеаја со победа да ја завршат 2018 година, откако загубија во синоќешното гостување кај Борац Чачак (75-79) во меч од 13. коло од АБА2-лигата.

„Металците“ беа во поволна позиција за уште еден триумф сѐ до средината од третиот период, по што противникот направи пресврт. Сино-белите водеа со 59-54 во 26. минута од средбата, но тогаш домаќинот прави серија 14-2 со која прво доаѓа до плус седум (68-61), а потоа и до двоцифрена предност (77-66), која им ги осигура бодовите.

Избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов може да жалат за пропуштената шанса за уште еден гостински триумф, особено поради добрата игра во поголемиот дел од натпреварот. Но, како клучен се покажа фактот што српските кошаркари шутнаа дури 13 слободни фрлања.

Иве Иванов со 25 поени и осум скока и Андрија Бојиќ со 22 поени и седум скока повторно беа централни фигури во тимот од Аеродром, додека Дамјан Стојановски средбата ја заврши со 14 поени. За одбележување е и настапот на Лестер Медфорд кој постигна само три поени, кои ги зачини со дури осум скока и девет асистенции.

И покрај поразот, тимот од „Јане Сандански“ останува на второто место на табелата со учинок 9-4. МЗТ Скопје следниот меч ќе го одигра следниот четврток (3 јануари) и тоа на домашен терен против лидерот на табелата, Приморска.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page