Против Борац во Чачак ја заокружуваме 2018 година!

2018 26 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе го одиграат последниот натпревар во 2018 година и тоа како гости кај Борац Чачак (20 часот) во меч од 13. коло од АБА2-лигата.

Сино-белите се во серија од три победи, од кои две по ред се на противнички терен, што дефинитивно ќе биде мотив плус за избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов да продолжат во ист стил. Ривалот е силен и искусен, но доброто е што во составот се враќаат повредените Марко Симоновски, Дарко Соколов и Андреј Маслинко, додека надвор од тимот сѐ уште е репрезентативниот центар, Љубомир Младеновски.

„Нѐ чека натпревар против исклучително квалитетен и пред сѐ искусен противник, кој игра одлично во последниот период. За разлика од првиот меч во Скопје, Борац сега може да смета и на Никола Кочовиќ, кој им дава одлична енергија, како во напад така и во одбрана. Свесни сме дека ќе гостуваме во град кој живее за кошарка и дека салата ќе биде исполнета до последното место. Иако сме со скратен ростер, верувам во моите играчи и уверен сум дека повторно ќе најдат сили и мотивација да го дадат својот максимум, кој би нѐ донел до значајна победа на ова тешко гостување“, вели Кочов.

Во првиот дел од сезоната, МЗТ Скопје Аеродром убедливо го совлада Борац со 82-57.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page