Бојиќ е стрелец број еден, а Иванов втор најдобар играч на колото во АБА2!

2018 07 Дек

Убедливата победа во синоќешниот дуел против Сутјеска донесе и неколку индивидуално признанија за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, меѓу кои најсјајно е тоа за Андрија Бојиќ, кој со 26 поени беше прв стрелец на десеттата рунда од регионалното натпреварување.

Меѓу најдобрите во две категории беше и Хрватот Иве Иванов, кој беше втор најдобар кошаркар на колото со индекс на корисност од 29 поени додека со 75-отстотна прецизност од поле беше најдобар шутер на средбите одиграни вчера и завчера.

Традиционално, меѓу најдобрите асистенти е нашиот плејмејкер Лестер Медфорд, кој беше трет најуспешен во оваа категорија со осум успешни додавања во пресметката со гостинот од Никшиќ.

МЗТ Скопје Аеродром во моментов е втор на табелата со учинок 7-3, а следен противник им е Спарс од Сараево, каде што гостуваат следниот четврток.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page