Одличен шут, квалитетна одбрана: МЗТ Скопје лесно ја преслуша и Сутјеска!

2018 06 Дек

Шеста победа во шестиот меч на домашен терен сезонава во АБА2-лигата за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, откако вечерва во „Јане Сандански“ беше совладан незгодниот тим на Сутјеска (94-73).

Аеродромци уште еднаш демострираа сила на своето буниште и со со скор 7-3 се вратија на втората позиција на табелата во регионалното натпреварување, веднаш зад досега непоразената Приморска. Отпорот на гостите од Никшиќ беше скршен во втората четвртина, кога сино-белите дојдоа до првата двоцифрена позитива (41-31), а најавата за уште една сигурна победа беше заверена кон средина на третиот период. Тогаш, со серија добри потези и прецизни шутеви, „металците“ дојдоа до плус 15 (67-52), што беше доволна позитива за мирен финиш.

Во последните десет минути, избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов само умешно ја задржаа убедливата предност за продолжување нападот кон највисокото место на табелата во АБА2. МЗТ Скопје, кој играше без двајца стандардни првотимци, повредените Љубомир Младеновски и Дарко Соколов, победата ја осигура со далеку подобар шут од противникот (48%-32%), како и со далеку подобра тимска игра што се гледа и по разликата во бројот на асистенции (16-11).

Андрија Бојиќ со 26 поени и седум скока и Иве Иванов со 21 поен, четири скока и пет асистенции беа лидери на вечерва расположениот тим во Аеродром. Двоцифрен поентерски ефект имаа уште и Џејмс Вудард и Дамјан Стојановски со по 11 поени.

Ова беше последен домашен натпревар годинава за кошаркарите на македонскиот претставник во регионалното натпреварување, со оглед што пред нив се три гостувања по ред, и тоа следниот четврток против Спарс во Сараево, па потоа против словенечки Хелиос и Борац од Чачак.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page