Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, синоќа, по петти пат победија на домашен терен сезонава во АБА2-лигата и тоа во пресметката со српски Динамик, триумф за кој најзаслужен беше големиот хрватски борец Иве Иванов, кој средбата ја заврши со 24 поени и седум скока.
Сето ова на искусниот крилен центар му донесоа 27 индексни поени, а со тоа и епитетот играч на 8. коло во регионалното натпреварување. Ова е вторпат најдобриот во рундата да биде од екипата од Аеродром, со оглед што Џејмс Вудард беше најдобар на отворањето на сезоната по победата над Хелиос исто така во „Јане Сандански“.
Иванов исто така беше најдобар стрелец, додека уште еден наш кошаркар, Андрија Бојиќ, со 22 поени беше трет во оваа статистичка категорија.