Кочов: Гиневме за секоја топка и затоа го победивме Сплит!

2018 02 Ное

Салата „Јане Сандански“ останува неосвоива тврдина во АБА2-лигата, откако кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до четвртата победа по ред на домашен терен сезонава, овој пат против екипата на Сплит, еден од најголемите конкуренти за висок пласман.

Тренерот на нашиот тим, Ѓорѓи Кочов, беше задоволен од начинот на кој одиграа неговите избраници, барем во поголемиот дел од средбата, потенцирајќи дека сака да види таков пристап на секоја од следните пресметки.

За нас ова беше еден тежок меч, посебно на психолошки план. Им честитам на сите мои играчи за карактерот, борбата и за желбата. Порази секако дека ќе има, но би сакал да продолжиме вака, со овој стил на игра. Не би сакал да потенцирам посебни играчи, затоа што тимот секогаш победува.Во првите седум минути одбраната ни беше добра, но во последните три минути од првиот период направивме хаос. Во вториот дел менувавме во одбрана на противничката 'пик-ен-рол' игра. Не губевме лесно топки, се боревме за секоја топка, направивме одредени промени и на крајот заслужено победивме“, изјави Кочов.

МЗТ Скопје Аеродром веќе утре ќе му гостува на АВ Охрид во меч од домашното првенство, а следната среда ќе му гостуваме на Вршац во пресметка од регионалното натпреварување.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page