Со „стотка“ преку Сплит за четири од четири во Аеродром!

2018 01 Ное

Остануваме непоразени на домашен терен во АБА2-лигата сезона, откако вечерва, со одлична игра во второто полувреме, го совладаа тимот на Сплит (104-87), еден од најголемите конкуренти за висок пласман во регионалното натпреварување.

Клучно за четвртиот домашен триумф на аеродромци беше одличната игра во третиот период, во кој беше обезбедена позитивата која подоцна ги донесе и драгоцените бодови. Сино-белите овој дел од играта го почнаа со серија 13-2 за првото двоцифрено водство (66-54), кое им ги отвори вратите од посакуваниот триумф. Гостите од Сплит во следните минути погодија неколку тешки шутеви, кои им ја вратија резултатската неизвесност, но тоа не ги обесхрабри избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов кои на крајот од четвртина повторно имаа двоцифрена позитива.

Тројката на Марко Симоновски во првиот напад од последните десет минути на МЗТ Скопје му донесоа плус 13 (83-70), а точкана приказната стави Андреј Магдевски со тројката на четири минути до крај за 92-78, предност која се покажа доволно за задржува на непобедливоста на „Јане Сандански“. Овој триумф е и позначаен, ако се знае дека „металците“ поголем дел од средбата играа без Хрватот Иве Иванов, кој во првото полувреме го повреди скочниот зглоб.

Повратникот во тимот Џејмс Вудард, кој пропушти неколку средби поради повреда на петицата, заедно со Андрија Бојиќ беа најефикасни во нашиот тим со по 18 поени, Лестер Медфорд средбата ја заврши со 15 поени, десет асистенции и пет украдени топки додека Магдевски застана на 13 поени.

Екипата од Аеродром сега има скор 4-2 во АБА2-лигата, а следното коло (в среда) ќе му гостува на српскиот претставник Вршац.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page