И без повредениот Вудард ќе атакуваме на победа на гостувањето во Мостар

2018 23 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со желба да дојдат до првата гостинска победа сезонава во АБА2-лигата ја очекуваат утрешната пресметка со Зрињски (19 часот), тим кој воопшто не го потценуваме без разлика што ги загуби досегашните четири средби во ова натпреварување.

Сино-белите пред овој дуел се соочуваат со сериозен проблем со оглед што на средбата во Мостар ќе го нема Американецот Џејмс Вудард, кој има повреда на скочниот зглоб од саботниот дуел со Вардар. Но и покрај тоа, нашиот тренер, Ѓорѓи Кочов, е оптимист и очекува дека со голема борба ќе може да дојдеме до посакуваниот резултат.

„Играме против шампионот на БиХ, кој иако има скор 0-4, сепак, е силна екипа со голем број искусни кошаркари во ростерот. Зрињски ги има Бакиќ, Рамњак, Шутало, Тодоровиќ., Соколовиќ, играчи кои зад себе имаат многу вакви мечеви и кои можат да бидат опасни буквално за секој противник. Ние, пак, ќе бидеме ослабени со неиграњето на Американецот Вудард, кој мора да паузира неколку дена. Очекувам ова да биде тежок меч со голема борба и незвеснот. Ќе решаваат ситници. Се надевам дека ќе ги искористиме сите слабости на противникот, како во одбрана така и во нападот и дека ќе дојдеме до победа, која за нас ќе биде од исклучително големо значење. Очекувам од сите мои кошаркари да бидат на ниво на задачата и да преземат што поголема одговорност, особено во одбраната, која мислам дека ќе го реши победникот на овој дуел“, вели Кочов.

МЗТ Скопје во моментов е на на третата позиција на табелата со учинок 3-1.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page