Кочов: Македонија одамна немала талентирани играчи како Младеновски и Маслинко!

2018 18 Окт

На победите најчесто не треба да им се гледа во заби, па така е и во случајот на нашиот синоќешен триумф во пресметката со Ловќен, остварен по голема борба, и едно продолжение.

Гостите речиси постојано беа во водство во регуларниот дел од мечот, но сино-белите покажаа карактер и во ниту еден момент не попуштија, туку даваа максимум од силите и ја искористија шансата која им беше пружена. Ваквиот начин на победа не донесе големо задоволство кај тренерот Ѓорѓи Кочов, кој со доза на самокритика се обиде да направи анализа на дуелот против ривалот од Црна Гора.

„Јасно ни беше дека нѐ очекува тежок натпревар. Немаше агресивност и поени од противнапад, што беше препознатливо за нашата игра во изминатите средби и тоа се одрази врз резултатот. Фактот што цело време бркавме негатива направи дополнителна тензија кај нас и лошо изреагиравме. Но, добро е што не загубиме и тоа е единствената добра работа од оваа средба. Останува да ги поправиме грешките и да играме како што оваа екипа знае да игра и сака да игра. Играме на два фронта, мора да ротираме и да внимаваме со играчите. Секој ја добива својата шанса, вечерва кошаркарите ја оправдаа“, изјави Кочов.

Иако најчесто не сака да потенцира од кого е најмногу задоволен, тренер на МЗТ Скопје Аеродром овој пат го пофали настапот на македонските репрезентативци, Љубомир Младеновски и Андреј Маслинко.

„Младеновски почна да игра одлично, да се бори, да игра на начин како што сакам. Покажува карактер и тоа многу ме радува. Сигурно ќе биде уште подобар како што одминува времето. Истото ќе биде и со Маслинко. Ова е само четврто коло, а Маслинко до крај со играње ќе може да го покаже својот квалитет. Мислам дека Македонија одамна немала вака талентирани кошаркари. Ние со силен тренинг ќе се обидеме да ги извадиме на правиот пат, а убеден сум дека и двајцата ќе бидат од голема важност за националниот тим и за нашиот клуб“, дополнува Кочов.

Младеновски средбата ја заврши со 14 поени и шест скока, од кои 12 поени постигна во првото полувреме, додека Маслинко запиша два поени за осум минути поминати на паркетот.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page