Три од три дома: По едно продолжение со „стотка“ го искачивме Ловќен!

2018 17 Окт

Трет домашен натпревар и трета победа за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во АБА2-лигата, овој пат по едно продолжение во пресметката против црногорскиот претставник Ловќен (100-90).

Гостите долго време од регуларниот дел ја имаа контролата врз играта и резултатот, но на сино-белите им беа потребни само неколку одлични минути да направат пресврт и да дојдат до предност која потоа им ги донесе и посакуваните бодови. Избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов четвртиот период го почнаа со серија 14-4, која негативата од пет ја претвори во позитива од исто толку поени (73-68).

Но, тоа воопшто не ги обесхрабри гостите од Црна Гора, кои во следните неколку минути вратија со седум поени во низа и одново го презедоа водството. Во последните две минути се влезе со плус четири за Ловќен (77-73), но следуваа 60 секунди во кое аеродромци постигнаа четири поени за четири седмици на семафорот (77-77) на една минута до крајот на средбата. Следуваа по уште два поени за двата тима, додека „металците“ успешно го одбранија последниот напад на противникот по што мораше да се играат дополнителни пет минути.

Во екстра-периодот кошаркарите на МЗТ Скопје беа далеку подобар противник и користејќи го поголемото искуство успешно го затворија натпреварот.

Лестер Медфорд со 22 поени беше најефикасен во составот од „Јане Сандански“, Џејмс Вудард постигна по 17 поени, Љубомир Младеновски и Иве Иванов беа стрелци на 14 односно 13 поени додека Андрија Бојиќ заврши со 12 поени. Убедливо најпрецизен на средбата беше Алекса Поповиќ од Ловќен, кој средбата ја заврши со 33 постигнати поени, но го промаши ударот за победа на крајот од четвртата четвртина.

Екипата од Аеродром сега има учинок 3-1 пред гостувањето кај босанскиот претставник Зрињски следната среда.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page